Што е AUTOMARKET.MK?
AUTOMARKET.MK е специјализиранa платформа за огласување и продажба на возила нa брз, едноставен и современ начин.
Нашата приказна…
Пазарот за возила се одликува со динамика и постојан раст. Побарувачката, како и понудата на возила се зголемува од ден на ден. Од друга страна пак, користењето на интернет како место за продажба е исто така во постојан тренд.
За брз и динамичен пазар, како што е пазарот за возила, потребен е брз и едноставен начин за поврзување на продавачите и купувачите.
Со таа цел одлучивме да создадеме специјална, брза и ефикасна интернет платформа која претставува место за средба помеѓу продавачите и купувачите на возила.

Нашата цел
Нашата цел е да ги поврзуваме продавачите и купувачите на возила на еден лесен, едноставен и брз начин.