Војната ги „лансираше“ на цените на горивата!

Неколку западни енергетски компании го повлекуваат учеството во руските проекти за нафта и гас од почетокот на војната.

Цената на суровата нафта се очекува да достигне повеќе од 120 долари за барел овој викенд.

Зголемувањето веќе предизвикува долги редици на пумпите во некои региони во светот.

Редици на бензинските пумпи се појавија ширум земјава, откако на социјалните мрежи се појавија информации дека ќе нема доволно гориво, а и тоа што ќе го има ќе биде поскапо за 10 или 20 денари!

– Нема простор за никаква паника во делот на снабдување со нафта и нафтени деривати. За мене е несфатливо како е дојдено до оваа ситуација, бидејќи сите анализи покажуваат дека и компаниите сами имаат залихи, а дополнително имаме и согласно Агенцијата за стокови резерви и нафта и бензин и сите други деривати кои се пропишани. Ги повикувам сите граѓани да не чекаат во колони на бензинските пумпи, бидејќи нема никаков простор за паника, нагласи вчера министерот за економија Крешник Бектеши.

И од РКЕ смируваат:

-Граѓаните не треба да се грижат, нафтени деривати во државата има, трговците редовно набавуваат гориво согласно побарувачката, вели директорот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски.
 
 

Автомобили за продажба

Нов

MERCEDES A 170 CDI CLASSIC

Нов

Bmw 118d 2007

Нов

Renault well satis

Leave a Reply

Напишете коментар