Совети за продавачи и купувачи​

АUTOMARKET.MK е посветен да прикаже извонреден квалитет со претставување на точни и комплетни информации за секој тип на оглас како и преку специјализираните алатки за пребарување. Во прилог ви нудиме неколку начини и методи преку кои може полесно и побрзо да го комплетирате вашиот процес на продажба и купување.

За оние кои продаваат:

Наслов и детален опис

Првата работа која паѓа во очите на вашиот потенцијален купец е насловот на вашиот оглас. Одберете наслов кои во кратки црти опишува што нудите. Понатаму, вашиот оглас треба да биде темелно опишан со точни и прецизни информации. Темелен и точен опис на вашиот оглас придонесува до повеќе кредибилитет, а со тоа ви овозможува и полесна продажба

Реална цена

Цената е можеби пресудниот фактор при продажба и купување. Поставување на превисока цена го намалува интересот за вашето возило. Секогаш стремете се да поставите реална цена која ќе ги привлече повеќе интерес.

Слики

Секогаш објавувајте чисти и нови слики од вашето возило. Сликите се единствениот начин на кои посетителите ќе можат да се запознаат со изгледот на вашето возило. Поставувајте слики од повеќе агли, од интериорот и трудете се истите да се јасни и чисти.

Промоција на оглас

Еден од најбрзите начини да вашиот оглас биде забележан, а со тоа да се зголеми шансата за продажба е искористувањето на промотивните опции кои ги нудиме. За да ги разгледате промотивните опции кликнете ТУКА.

Искреност

Секогаш бидете искрени и не прикажувајте лажни информации.

За оние кои купуваат:

Дефинирајте буџет

Пред да ја започнете потрагата по вашето возило секогаш најпрвине потребно да имате дефинирано кочлав е вашиот буџет. 

Одберете тип на возило

Користете ги специјализираните алатки за пребарување. Може да пребарувате по марка, модел, година, тип на каросерија, километража…

Видете го возилото

Контактирајте ги продавачите на телефон или преку порака доколку ви се потребни дополнителни инфомации, но доколку сте заинтересирани за возилото, секогаш појдете и погледнете го лично пред да донесете било каква одлука за купување.

Темелно проверете го возилото

Уредно проверете го возилото, не брзајте при проверката бидејќи лесно е да се пропуштат некои големи недостатоци. Некои очигледни работи кои може самите да ги проверите се :

  • Знаци на корозија или удари
  • Оштетен ентериер
  • Нефункционална електроника
  • Течности под возилото
  • Влага во ентериерот или багажниот простор

Доколку не сте во состојба да го проверите возилото сами, побарајте проверка кај специјализирано лице или сервис.

Закажете тест возење

Побарајте тест возење, меѓутоа прво приложете ја вашата валидна возачка дозвола со категорија во зависност од возилото кое сакате да го купите и дозволете на продавачот да биде со вас за време на возењето.

При тест возењето, проверете ги возните својства и обрнете вниманије на тропање или чудни звуци.

Проверете ја документацијата

Внимателно и целосно проверете ја наведената документација, почнувајќи од сообраќајната дозвола, бројот на шасија и бројот на мотор. 

Важно е да ги проверите документите за сопственост на возилото, дали е истото заложено и дали припаѓа во сопственост на продавачот.