Преглед: Големата награда на Саудиска Арабија не нè разочара, Верстапен нов победник!

Победникот на шампионатот минатата сезона и возачот на Ред Бул, Макс Вестрапен победи на патеката Једа во Саудиска Арабија за само 0,5 секунди пред Чарлс Лекрерк кој го изгуби водството неколку круга пред крајот. 

Трката прв ја стартуваше Сергио Перез кој го држеше првото место се до 16тиот круг, кога од Ред Бул му дадоа инструкција да влезе во боксот пред Ферари. Ова не успеа бидејќи еден круг подоцна возачот на Вилиамс, Николас Латифи изгуби контрола на болидот и предизвика безбедносно возило. Со тоа неговите ривали го искористија инцидентот и Перез се врати на 4тото место позади Сенз.

Водството го презеде Леклерк кој со 2 секунди предност на Вестрапен се очекуваше да биде победник, но на 38миот круг Даниел Рикардо и Фернандо Алонсо мораа да ги запрат болидите поради технички проблеми. Предизвикано беше уште едно безбедносно возило, кое му помогна на Вестрапен да стигне во зона на напаѓање.

Последните десет круга Леклерк беше постојано напаѓан од страна на Вестрапен, и на 47миот круг го изгуби водството и ја заврши трката за половина секунда позади Холанѓанецот кој победи за прв пат оваа сезона.

Извор (formula1.com)

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел ја заврши трката на 5тата позиција позади Перез, a Хамилтон 10ти бидејќи ја започна трката од 15та позиција поради лошо извозени квалификации. Други возачи кои завршија во бодови се Ocon P6, Norris P7, Gasly P8 и Magnussen P9.

Ботас, Строл, Албон, Алонзо и Рикардо се петте возачи кои не ја завршија трката, а Tsunoda и Шумахер не ни ја почнаа.

Што е следно?

Големата Награда на Австралија се враќа на 8ми Април после двегодишно отсуство. Патеката се вика Алберт парк и има некои промени од порано како нова DRS зона, кои ќе придонесат интересна битка меѓу лидерот на шампионатот Леклерк и Вестрапен како новиот победник.

 

Leave a Reply

Напишете коментар