Правила за огласување

Општи правила и услови за користење.

Огласување за физички лица

Секое физичко лице има право на објавување на свој оглас на AUTOMARKET.MK. Огласот се поднесува како оглас од физичко лице само доколку тоа физичко лице ја превзема одговорноста и има право да склучува договори за купување и продавање на предмети според правилата на Организацијата за заштита на потрошувачи и позитивните законски прописи во Р.Македонија.

AUTOMARKET.MK го задржува правото да одлучи кога огласот е класифициран како оглас на физичко лице.

Огласување за претпријатија

Секое претпријатие што е регистриран даночен обврзник во Р.Македонија и надвор од неа, има право на објавување на свој оглас на AUTOMARKET.MK. AUTOMARKET.MK го задржува правото да одлучи кога огласот е класифициран како оглас на претпријатие.

Услуги

Објавените услуги мораат да бидат во согласност со позитивните Законски прописи и регулативите во соодветната дејност во Македонија.

Категоризација

Вашиот оглас треба да биде ставен во категорија која најдобро го опишува Вашиот производ/услуга. При избирање на категорија, имајте во предвид:

  • Вашиот оглас ќе биде одбиен доколку не е во соодветната категорија.
  • Забрането е огласување на предмети од повеќе категории во еден оглас. Потребно е да ги разделите според соодветните категории.

Ограничувања

Не е дозволено да внесувате повеќе од едно возило во еден оглас.

Администраторите имаат право да ги избришат останатите возила.

Огласи – Дупликати

Не е дозволено да објавувате повеќе од еден оглас за ист производ или услуга повеќе од еднаш. Огласите кои имаат иста содржина се дефинираат како дупликат оглас и ќе бидат избришани.

Линкови и препораки

Не е дозволено да ставите линк или препорака кој води до друга веб страница за огласување или веб страница за аукција. Линковите се дозволени само ако се однесуваат на спецификациите на производот или услугата која ја огласувате.

AUTOMARKET.MK не ги поддржува ставовите и гледиштата објавени на страниците до кои водат линковите.

Слики и видео клипови

Правила за прикачување на слики и видео:

  • Треба да бидат во согласност со производот или услугата која ја огласувате.
  • Не е дозволено да се користат во повеќе од еден оглас истовремено. Ако огласувате возило, сликите и видеото мора да бидат од тоа возило.
  • Сликите не смеат да содржат лого на компании, имиња на компании, веб страници или друга информација која може да се толкува како бизнис маркетинг.
  • Не е дозволено да се превземаат слики и видео клипови од други огласи без дозвола на огласувачот.
  • Не е дозволено да се користат слики или видео клипови кои содржат материјал со авторски права, како што е заштитена музика, снимки од филмови, или друг заштитен материјал.

AUTOMARKET.MK го задржува правото да ги отстрани сликите/видео клиповите од огласот, доколку ги прекршуваат Правилата.

Нелегални производи и услуги

AUTOMARKET.MK има одредени забрани за тоа кои стоки и услуги не смеат да се огласуваат. Производите или услугите кои според Законите и прописите во Р.Македонија се дефинираат како нелегални, нема да се објават.

Навредлива содржина

Огласот се смета за навредлив доколку:

  • Има навредлива содржина упатена кон етнички групи, физички лица, или јавни лица.
  • Се споменуваат историски имиња или имиња на етнички групи.
  • Има слики и видео со навредлива содржина.

Одговорност

AUTOMARKET.MK не ја сноси одговорноста за потеклото на производот/услугата која е предмет на огласување. Продавачите и купувачите самите ја сносат одговорноста.

Нереални понуди

AUTOMARKET.MK го задржува правото за одбивање на огласите што содржат нереални понуди.