Toyota ја претстави новата хот-хеч верзија од својот најпродаван автомобил Corolla, и таа не нѐ разочарува во ниеден аспект. 

Под хаубата има 1.6 три-цилиндарски турбо мотор кој развива 300 коњски сили и 370Њм вртежен момент. Оваа моќност е спроведена преку мануелен менувач (нема автоматик опција), на сите четири тркала и ќе може возачот да контролира како таа е дистрибутирана. Стандардно, моќта ќе биде испратена 60% на предните и 40% на задните тркала. Режимот фокусиран за тркачки услови  дава совршена поделба 50/50, а режимот наменет за пролизгување ќе ви овозможи да испратите 70% од моќноста на задните тркала.

Освен моторот, GR Corolla доби третман и на надворешниот изглед. На предниот дел може да се забележи по агресивен браник и голем отвор за воздух кон моторот. За разлика од обичната Corolla, GR верзијата e по агресивна и поширока за 6cm, и има нови полесни 18-инчни тркала. Задниот дел има најголема промена, додадени се огромен спојлер,  поголем дифузер и уникатен излез на издувниот систем со три отвори кој има извонреден звук.

Има некои измени и во внатрешноста на GR Corolla за поспортско чувство како спортски седишта од вештачка кожа, црвени акценти и GR значки наоколу. Има современа технологија и доаѓа со Safety Sense 3.0 за безбедноста, како скоро сите нови автомобили на Toyota.

За жал, нема да пристигне во Европа, но можеби тоа ќе се смени бидејќи побарувачката е голема. Цената сеуште не е позната, но најверојатно ќе биде од околу 40.000 евра

Leave a Reply

Напишете коментар