Неверојатната колекција на луксузни автомобили на Луис Хамилтон

Колекцијата на седумкратниот светски шампион во Формула 1  Луис Хамилтон не содржи обични автомобили, таа содржи луксузни и лимитирани автомобили кои вредат милиони.

Најпознат автомобил во неговата колекција е Пагани Зонда 760 LH која е направена само за него, во виолетова боја и мануелен менувач. Моторот на овој автомобил е направен од Мерцедес и има 750 коњски сили од 7.3 литарски V12 мотор. За жал Хамилтон го продал овој автомобил откако го удрил два пати.

Исто така има и Мекларен P1 кој го купил откако го напуштил F1 тимот на Мекларен. Биле направени само 375 примероци, а автомобилот може да достигне 100 km/h за само 2,7 секунди благодарение на неговите 903 коњски сили. Цената е извонредна, и таа е 1,15 милиони долари.

Хамилтон да вози Ферари е чудно, но во Формула 1. Надвор од патеката, тој има две Ferrari LaFerrari, кој е првиот благ хибрид автомобил произведен од Ферари. Има V12 мотор со 950 коњски сили, едната  верзија е со отворен покрив, наречен Аперта другата е обичната со хард топ.

Колекцијата на Хамилтон освен автомобили има и еден мотор.  Во соработка со производителот на мотоцикли MV Agusta направија мотор кој кој се нарекува Lewis Hamilton Edition Brutale 800RR од кој направени биле само 144 примероци

Може да се забележи во наразлични Мерцедеси дури и кога е надвор од патеката. Луис Хамилтон поседува Mercedes-Benz G63 AMG и SUV GLC. Се верува дека тој наскоро ќе го додаде и Mercedes AMG One во колекцијата, бидејќи тој бил лично вклучен во нејзиниот развој кој ќе биде првиот спортски автомобил што ја користи F1 технологијата.

 

Leave a Reply

Напишете коментар