Мултимилионската колекција на луксузни автомобили на Карим Бензема

Карим Бензема, еден од најдобрите фудбалери оваа сезона, освен фудбалот уште од детство имал голема љубов кон автомобилите, особено марката Ферари. 

Неговиот прв автомобил бил Mini Cooper S во црна изведба, и го купил од неговиот другар. По потпишување на првиот договор со Lyon, за 18ти роденден се почастил со BMW M6

 

Сега таа љубов ја искажува преку неговата колекција на луксузни автомобили која содржи: Bugatti Chiron и Veyron Pur SangMcLaren-Mercedes SLRMercedes G65 AMGAudi RS4 и RS6

Најимпресивен автомобил во неговата колекција е Bugatti Chiron кој има импресивни 1500 коњски сили и забрзување од 0-100 км/ч за 2.4 секунди и максимална брзина од 420 км/ч. Го купил 2.4 милиони евра, но Бензема го смета овој автомобил за инвестиција бидејќи има само 500 примероци во светот. 

Омилени бренд за автомобили му е Ферари, и забележан е како вози Ferrari 488 Pista488 GTB Spider и GTC4 Lusso. 

Како секојдневни автомобили ги користи Mercedes G65 AMG и Audi RS6. И двата автомобили имаат V8 мотор со над 500 коњски сили и ги користи секој ден поради комфорот и просторот во багажникот. 

Најнова адиција на неговата колекција е McLaren 765LT кој има забрзување од 0-100 км/ч за 2.7 секунди и максимална брзина од 330 км/ч. Почетната цена на овој автомобил е околу 330,000 евра, но лесно може да порасне со додавање на дополнителна опрема, како карбонски пакет кој чини 25,000 евра.

“Најефтин” автомобил кој го има уште од 2006 година е Audi RS4. Има V8 мотор кој произведува 420 коњски сили и кога го купил бил 82,000 еврa.

Автомобили за продажба

Нов

Golf 5 20 tdi

Нов

DACIA SANDERO STEPWAY 1.5, 90KS, DISEL, 2013god

Нов

KIA CEE’D 2012 god.

Leave a Reply

Напишете коментар