Масерати го претстави новиот Грекале

Италијанскиот бренд Масерати го претстави новиот компакт SUV наречен: ,,Грекале”. Овој модел е втор SUV на Масерати и седи една класа подолу од поголемиот Леванте за да се натпреварува со автомобили како: Порше Макан, Бмв Х3 и Алфа Ромео Стелвио. 

Лесно може да се препознае дека е Масерати поради предната решетка над браникот, трите отвори за воздух над предното тркало и заоблените линии на каросеријата. 

Освен надворешниот изглед Грекале е особено импресивен во кабината. Има три дисплеја, еден е пред возачот, а другите два во средината кои од Масерати ги нарекуваат Comfort Panel и преку нив се контролираат голем број од функциите.

Има неколку нивоа на опрема и видови на мотори. Нивоата почнуваат со Модена и ГТ моделите, а под хаубата имаат 2.0 литарски четирицилиндричен мотор со благ-хибриден погон кој има сила од 300 до 330 коњски сили.

Секако дека од  Масерати ќе стават моќен мотор во Грекале, а тоа е Трофео верзијата која има 3.0 литарски твин-турбо V6 мотор кој е позајмен од Масерати МС20. Има 530 коњски сили и 620 Њм вртежен момент, кои му помагаат да забрза од  0-100км/ч за 3,8 секунди и да има максимална брзина од 285км/ч. Иако има мотор со над 500 коњски сили потрошувачката е 11,2 литри на 100 километри бидејќи има систем за десктивирање на цилиндри.

Следната година ќе го претстават и Грекале Фолгоре кој ќе биде целосно електричен модел со батерија од 105 кWh и можност за полнење со 400V.

Цените сеуште не се познати, но се очекува да почнуваат од околу 55,000 евра.

Leave a Reply

Напишете коментар