Lotus го претстави новиот Eletre

Lotus го претстави својот прв SUV и првиот електричен hyper-SUV во светот. Овој целосно нов електричен автомобил е полн со технологија фокусирана на перформанси и напредни карактеристики за самоуправување што го прават еден од најфутуристичките SUV некогаш направени. 

Новиот Eletre ќе има 600 коњски сили и ќе може да забрза од 0-100 км/ч за помалку од 3 секунди и ќе може да вози 600 км со едно полнење, ќе биде споредуван со Tesla Model X, Audi E-tron, Bmw iX и Mercedes EQC. 

Формата на овој автомобил наликува како на Lamborghini Urus поради закосената линија на покривот и доста агресивниот изглед, како и 23 инчните бандажи, предните и задните светла и острите испакнатини на каросеријата.

Најимпресивна технологија која ја поседува Eletre се Lidar сензорите. Тоа се ласери кои скенираат околу автомобилот, и ги лоцираат предметите, така што има намалена шанса за судир. Ваква технологија користат скоро сите автокомпании кои планираат да создадат автономни автомобили. Исто така и наместо ретровизори има камери и многу футуристички интериор со три дисплеја од кој централниот ќе биде 15,1 инчен, head-up дисплеј со зголемена реалност.

Според изгледот и технологијата наликува на автомобил вреден 500,000 евра, но вистинската почетна цена ќе биде 120,000 евра која е помала од Lamborghini Urus и Aston Martin DBX. Во Европа ќе почне со производство во 2023 година 

 

Leave a Reply

Напишете коментар