Чарлс Леклер ја освои Големата награда на Австралија, откако Верстапен не успеа да ја заврши

Изменетата тркачка патека во Мелбурн, Алберт Парк после две години е повторно на календарот, и придонесе возбудлива трка со која Леклер и Ферари се еден чекор поблиску до овогодишниот шампионат.

Шарл Леклер не сметал дека болидот на Ферари Ф1-75 ќе биде доминантен овој викенд, но резултатот испадна сосема обратно. На квалификациите ја освои својата 11та пол-позиција, победи 4ти пат во кариерата, доби најбрз круг во текот на трката и беше во водство целата трка. Ова е првиот така наречен ,,гренд слем’’ на Ферари од 2010та година.

Втората позиција ја освои вториот возач на Ред Бул, Сергио Перез после одлично извозена трка. 

На трето место заврши возачот на Мерцедес, Џорџ Расел и покрај недостатокот на перформанси од болидот, тимот искористи 100% од него. Расел дури беше изненаден кога му беше соопштено дека е на второто место позади Леклер во возачкиот шампионат.

Солидна трка имаа и Мекларен, со поени од двата болида на Ландо Норис и Даниел Рикардо кои завршија на 5та и 6та позиција.

Алекс Албон го освои 10то место и првиот поен на Вилиамс оваа сезона, со старт од 16то место.

Најголеми губитници беа Макс Верстапен и Карлос Саинц поради тоа што не ја завршија трката, а особено Верстапен кој имаше шанси да победи. Болидот на Ред Бул РБ18 повторно се здоби со механички проблеми кои мораат да се решат во наредните трки додека не е доцна за шампионатот. Карлос Саинц имаше лош викенд бидејќи не успеа да се квалифицира ни блиску до својот тимски колега Леклер, но не успеа ни да ја заврши трката кога со обид да претрка болид на Алфа Ромео излета од патеката поради ладни гуми.

Што е следно?

Наредната трка е на 24 Април на патеката Емилиа Ромања во Италија. Се очекува интерсна трка и обид на Ред Бул и Мерцедес да се доближат до Ферари.

 

Leave a Reply

Напишете коментар