Легендарниот мотор “Hemi” заминува во историјата

Во 1951 година, Chrysler го претставија моторот Hemi со внатрешно согорување. Секако денешната верзија на моторот е многу поразлична од пред 70 години, но сеуште е со 8 цилиндри во V конфигурација или со 6 цилиндри подредени хоризонтално. За жал, после милиони автомобили со овој мотор мора да се отстрани од продукција поради регулации за емисии. 

Моторот кој ќе го замени Hemi се нарекува Hurricane и е произведен од страна на шестата најголема авто компанија во светот Stellantis . Hurricane ќе биде 3.0 литарски шестцилиндричен твин-турбо мотор кој обезбедува подобра економичност и помали емисии од поголемите атмосферски мотори, а истовремено создава повеќе коњски сили и вртежен момент од поголемиот дел од конкуренцијата.

Моторот ќе биде достапен во две конфигурации, верзија со 400 коњски сили, наменета да ја оптимизира економичноста на моторот и верзија со моќност од 500 коњски сили, оптимизирана за перформанси. Од Stellantis тврдат дека Hurricane постигнува подобри перформанси од типичниот V8 мотор, а истовремено обезбедува 15% подобра економичност на горивото. 

Се повеќе автомобилски брендови прават помали мотори со обид да ја подобрат нивната

потрошувачка на гориво и да ги намалат емисиите. Зголемувањето на економичноста на Hurricane моторот од 15% е добра вест кога горивата чинат дури околу 80 денари за литар.

 

Leave a Reply

Напишете коментар