Големата награда на Бахреин заврши: Што не очекува понатаму?

Сите знаевме дека новите регулации за 2022 ќе донесат некаква промена, а првата трка на календарот нѐ не разочара.

 Победникот на првата трка од сезоната, големата награда на Бахреин е Charles Leclerc кој  се бранеше неверојатно целата трка од Max Verstappen кој не успеа да го помине и поради неочекувани проблеми  со болидите на крај на трката тој  и неговиот тимски колега Sergio Perez не завршија. Ова му овозможи на  Carlos Sainz да го земе второто место и да им помогне на Ферари да ја  земат првата 1-2 завршница дури од 2019. 

Освен Ферари, од  двојниот DNF на Ред Бул искористија и Мерцедес. Hamilton го пополни подиумот со третото место, а George Russell заврши зад него на четвртата позиција. 

Најголемо изненадување направија Хаас, со Magnussen завршување на петтата позиција позади Мерцедес. Исто така Алфа Ромео ги доведоа двата болиди во поени што во претходните сезони тоа беше реткост.

За Ферари се претпоставува дека тие ќе бидат најголемите фаворити оваа сезона. Целиот викенд имаа импресивни сесии и голема предност во однос на Мерцедес и Ред Бул. 

Ред Бул се исто така играат голема улога во шампионатот оваа сезона според перформансите од болидот оваа трка, секако доколку е по издржлив.

Иако Мерцедес имаа лош викенд во споредба до претходните сезони, тие целата трка беа во близина на лидерите и се очекува наредните трки да бидат уште подобри и да се борат за победи.


Leave a Reply

Напишете коментар