bmw m4

BMW ја претстави новата M4 CSL која е 110 килограми полесна од M4

Под хаубата BMW M4 CSL  го има стандардниот 3.0-литарски мотор со 2 турбо полначи од М4, има 649 њутн-метри вртежен момент и произведува 543 коњски сили, што е зголемување за 40 КС во однос на M4 Competition. Моќта на CSL се пренесува на задните тркала преку својот осумстепен M Steptronic менувач кој овозможува да достигне 100 км/ч за 3,6 секунди. На CSL потребни му се само 10,5 секунди за да постигне 200 км/ч, а максимална брзина е лимитирана на 307 km/h.

Од BMW направиле огромни напори за да ја намалат  тежината на CSL за 110 килограми и со тоа тежината на овој автомобил е 1.605 килограми. За да се намали тежината волку драстично, од BMW користеле многу начини како: тргнување на задните седишта, намалување на звучната изолација, користење на внатрешни и надворешни компоненти засилени со пластика  со јаглеродни влакна. 

Сопирната сила доаѓа од стандардните M Carbon керамички сопирачки на CSL кои елиминираат уште 31,5 килограми, додека широката употреба на компоненти засилени со пластика и јаглеродни влакна за хаубата и багажникот дополнително ја намалило тежината.

bmw 4

Дури 8 килограми биле скратени од различни компоненти како што се предната решетка, задните светла, патосниците и системот за автоматска контрола на климата. Употребата на јаглеродни влакна за централната конзола намалила околу 4 килограми, а едно од најзначајните олеснувања на CSL е од новите BMW M Carbon седишта што помогнале да се намалат уште 24 килограми од автомобилот.

Исто така мора да се напомене дека M4 CSL е најбрзиот автомобил на патеката Нурбургринг што BMW го има направено,  за 7 минути и  15,677 секунди. Со овие бројки новиот М4 CSL влегува со територија на Porsche Cayman GT4 RS и други сериозни машини.

M4 CSL ќе пристигне во три бои: Brooklyn Grey Metallic, Alpine White и Black Sapphire Metallic. Ќе  бидат произведени само 1000 примероци од оваа извонредна верзија на M4 со почетна цена од 140.000 евра.

Leave a Reply

Напишете коментар