aston martin

Aston Martin го претстави V12 Vantagе: 

Од Aston Martin изјавија дека ова е последениот Vantage кој под хаубата ќе носи V12 мотор. 

Бидејќи е финална верзија на Vantage со овој мотор, лимитиран е на 333 примероци, а сите се распродадени. Цената сеуште не е позната, но се очекува да започнува од околу 200.000 евра во споредба со ривалите како Ferrari Roma и Porsche 911 Turbo S.

Моторот е 5,2 литарски твин турбо V12 и располага со 690 коњски сили и 753Nm вртежен момент, иако V12 Vantage тежи 1,794 килограми заедно со ZF автоматскиот менувач може да забрзува од 0-100км/ч за 3,4 секунди и да развие брзина до 320км/ч.

Има 187 коњски сили и 70Nm вртежен момент повеќе од V8 верзијата на Vantage што го прави еден од најмоќните Aston Martin автомобили до сега. За разлика од моторот, овие верзии на Vantage се лесно претпознатливи и по надворешниот изглед. Прво нешто што се забележува е спојлерот кој служи за стабилност, кој на V8 верзијата воопшто го нема. Освен тоа имаат различни браници, а  поради тежината од V12 моторот користени се многу кабонски делови кои помагаат со намалување на тежината како седиштата со кои се намалуваат 7,3 килограми.

aston martin back

Не е прв пат од Aston Martin да стават голем мотор во мал автомобил, а сигурно ќе продолжат бидејќи е добра формула за забавен автомобил.

aston martin interior
aston martin

Leave a Reply

Напишете коментар